Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Samuel 23

:
Macedonian - 2006
1 Го известија Давид и рекоа: „Ете Филистејците го напаѓаат Кеила и ги разграбуваат гумната.“
2 А Давид го запраша Господа, ве­лејќи: „Да одам ли и да ги нападнам тие Филистејци?“ И Господ му одговори на Давид: „Оди, ти ќе ги нападнеш Филис­тејците и ќе го спасиш Кеила.“
3 Но оние што беа со Давид, му рекоа: „Ете, ние се плашиме тука во Јудеја, па како ќе одиме во Кеила против филистејските групи?“
4 Тогаш Давид пак Го запраша Гос­пода, а Господ му одговори и рече: „Стани и оди во Кеила, зашто Јас ќе ги предадам Филистејците во твои раце.“
5 И Давид отиде со луѓето свои во Кеила, се биеше со Филистејците, го отепа нивниот добиток и им нанесе голем пораз. И така Давид ги спаси жителите на Кеила.
6 Кога Авијатар, Ахимелеховиот син, избега кај Давид и отиде со него во Кеила, тој беше донел со себеси и ефод.
7 Му јавија на Саул дека Давид дошол во Кеила, и Саул рече: „Бог го предаде во мои раце, зашто тој се затвори, влегувајќи во град кој има порти и резиња.“
8 И го свика Саул целиот народ во војна за да отиде против Кеила да го опколи Давид и негови луѓе.
9 Кога Давид дозна дека Саул намислил лошо против него, му рече на свештеникот Авијатар: „Донеси го ефодот Господов.“
10 Тогаш Давид рече: „Господи, Боже Израелов! Твојот слуга слушна дека Саул сака да дојде во Кеила, и да го уништи градот поради мене.
11 Ќе ме предадат ли Кеилците во рацете негови? И ќе дојде ли тука Саул, како што чу твојот слуга? Господи, Боже Израелов, јави му на слугата свој.“ И рече Господ: „Ќе дојде.“
12 Давид пак праша: „Ќе ме предадат ли Кеилците мене и моите луѓе во Сауловите раце?“ И Господ му рече: „Ќе те предадат.“
13 Тогаш стана Давид и луѓето негови, околу шестотини души, излегоа од Кеила и отидоа, каде што можеа. А на Саул му јавија дека Давид избегал од Кеила, и тогаш тој се откажа од походот.
14 А Давид престојуваше во пустината во непристапни места и потоа на ридестите предели во пустината Зиф. Саул го бараше секој ден, но Бог не го предаде Давид во рацете негови.
15 И Давид виде дека Саул излегол да ја бара душата негова; Давид тогаш беше во пустината Зиф, во ридестите предели.
16 И Сауловиот син Јонатан стана, дојде кај Давид во гората и го поткрепи со надежта во Бога,
17 и му рече: „Не плаши се, зашто ра­ката на татко ми Саул нема да те најде, и ти ќе царуваш над Израел, јас, пак, ќе бидам втор по тебе. И Саул, мојот тат­ко, го знае тоа.“
18 Тогаш си дадоа меѓу себе завет пред лицето на Господ. И Давид остана во гората, а Јонатан отиде во домот свој.
19 И дојдоа Зифејци кај Саул во Гива и рекоа: „Ете, Давид се крие кај нас по недостапни места, кај Хореш, во ридо­вите на Хахила, јужно од пустината.
20 Затоа, ако сака душата твоја, царе, дојди. А наша работа ќе биде да го пре­дадеме во рацете на царот.“
21 И рече Саул: „Да ве благослови Господ што сте ме пожалиле!
22 Одете, уверете се уште еднаш, ис­питајте и разгледајте го местото негово, каде што е ногата негова, и кој го виде таму, бидејќи ми велат дека е многу итар.
23 Разгледајте и испитајте за сите прибежишта, во кои се крие тој, и вра­тете се кај мене со точно известување. Тогаш јас ќе отидам со вас; и ако е во таа земја, ќе го барам по сите Јудини места.“
24 И станаа и отидоа во Зиф пред Саул. А Давид и луѓето негови беа во нискиот дел на пустината Маон, јужно од степата.
25 Потоа отиде Саул со своите луѓе да го бара. Но му јавија на Давид за тоа, и тој слезе кај карпестите места во пустината Маон. Саул слушна и се пушти по Давид во пустината Маон.
26 Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со луѓето свои беше од другата страна на планината. И кога Давид брзаше да се оддалечи од Саул, а Саул со луѓето свои одеше да го заобиколи Давид и луѓето негови за да ги фати,
27 тогаш дојде кај Саул известувач и рече: „Побрзај и дојди, бидејќи Филис­тејците ја нападнаа земјата.“
28 И се врати Саул од гонењето на Давид и отиде против Филистејците; за­тоа и го нарекоа тоа место Се­ла-Мах­лекот.